Извлечен автомобилот што падна во Вардар кај болницата Аџибадем Систина (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Екипите на Противпожарната единица и нуркачката единица при МВР претпладнево го извлекоа автомобилот што падна во Вардар во близина на пешачкиот мост кај болницата Аџибадем Систина.

Станува збор за автомобил „фолскваген поло“ и според првичните сознанија во него нема луѓе.

Екипи на Противпожарната единица и нуркачката единица при МВР со поставување сајли го извлекоа возилото.

Превртено возило во Вардар во близина на Систина

Gepostet von MИА.mk am Freitag, 22. Mai 2020