Ја докажа хуманоста на дело – Поранешниот пожарникар Георгиески помогна на семејството Манасиеви

ИЗВОРСкопје24
|

Кога системот затајува, хуманоста стапува на сцена. По објава на фејсбук, поранешниот пожарникар Александар Георгиевски решил да и помогне на Елена Манасиева и нејзините три деца од кои најмалото има два месеци, најголемото четири години. Живеаат од социјална помош и детски додаток.

Поради неухранетост и болест од лошите услови лани пред да наполни една година животот го загубило едно од децата. Порано кровот протекувал, влага имало насекаде, а Елена не верувала дека за неполн месец таа и децата ќе добијат пристоен кров над глава.

Ова не му е прва хумана мисија на Георгиевски. Тој беше и единствениот штипјанец што замина да помогне по земјотресот во Петриње. Вели дека куќата е целосно реновирана и со помош на донатори се обезбедни сите услови.

Георгиевски вели дека го продолжува аманетот на баба си. Засега не планира нова акција, но вели дека за секој негов потфат е потребна подршка од медиумите, но и големите компании од кои најголем дел ретко се одлучуваат за донирање.

Извор: 24.мк