Ја исфрлија од „Ѕвездите на Гранд“ а сега ја подготвува својата прва песна, и тоа благодарение на Цеца

ИЗВОРСкопје24
|

Натпреварувачката Вања Кнежевиќ која веќе подолго време е акуелна тема во медиумите веќе ја подготвува својата прва песна и тоа благодарение на Цеца Ражнатовиќ.

Дамир Хадановиќ кој инаку е долгогодишен соработник на Цеца потврди дека и подготвува нова песна на Кнежевиќ.

По тој повод, сега се огласи и Ѓорѓе Давид и ја прокоментира целата ситуација.

„Секој си има свои афинитети, секој ги гледа работите онака како што сака да ги види. Јас не сакам да го коментирам за тоа, посебно не Вања како бивши учесник“, вели Ѓорѓе Давид.

Инаку како што е познато Вања беше дисквалификувана од музичкото шоу поради споделување на содржина на социјалните мрежи со која ја навредила Јелена Карлеуша. Ментор инаку и беше Марија Шерифовиќ.