Ја паметиме по иритирачкиот глас: Вака изгледа Џенис од „Пријатели“ денес, на прагот на седмата деценија

ИЗВОРСкопје24
|

Фановите на култната серија „Пријатели“ сигурно ја паметат актерката Меги Вилер, која ги маѓепса сите со улогата на славната Џенис, вредната девојка на Чендлер Бинг.

Иако дошла на снимањето во 1994 година со идеја дека ќе сними само една епизода, се покажало дека завршила добра работа, и го привлекла вниманието и на креаторите на серијата и на публиката.

Таа дефинитивно ја одбележа сезоната на серијата со својата споредна улога, а сите ја паметат нејзината реченица „О Боже мој“, која предизвикува смеа. Нејзиниот глас беше иритирачки за многумина, но таа шармираше со својот изглед, а вистината е дека нејзиниот глас воопшто не е таков како во серијата.

„Тоа беше процес. Смеењето дојде спонтано на првата проба. Знаев дека ќе се смеам многу на сетот затоа што Метју Пери (Чендлер Бинг) е неверојатно духовит“, рече таа неодамна во шоуто на Опра Винфри.

И додека некои актери од оваа популарна серија се подложија на естетски зафати, Меги се уште изгледа добро, на 59-годишна возраст, на прагот на седмата деценија, шеснаесет години по снимањето.

Таа има две деца со сопругот Даниел Вилер.