Ја уриваат дивоградбата пред „Мавровка“ (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

По вчерашната владина одлука со која Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионалните патишта беше задолжено да ја урне дивоградбата кај „Мавровка“, денеска започнаа работите на терен за отстранување на бесправно изградениот објект. Екипи на ова јавно претпријатие со механизација го започнаа уривањето на бетонските столбови на дивоизградената карабина. На терен има и полициски службеници што ја обезбедуваат локацијата, на која се руши дивоградбата.

Инаку, Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта ја ангажира потребната механизација, средства за работа и вработени не само за уривање, туку и за демонтирање на бесправно изградениот објект, и тоа без надоместок кон Оштина Чаир, односно уривањето го врши од сопствени средства.

Владата вчера им препорача на Општина Чаир и Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски, така што ќе склучат договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти.

„По исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, во рок од 7 дена, се задолжени да подготват и до Владата на Република Северна Македонија да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката“, се вели во одлуката донесена на вчерашната владина седница.

https://www.facebook.com/watch/MediumskaInformativnaAgencija/