Ја заборавил шифрата од дигиталниот паричник, па сега може да остане без 200 милиони евра

ИЗВОРСкопје24
|

Оваа интересна, но и трагикомична приказна, доаѓа од Сан Франциско. Имено, еден програмер поради лошото памтење може да остане без неверојатни 200 милиони евра.

Стефан Томас има „заштеда“ која изнесува повеќе од 200 милиони евра, и тоа во криптовалути, односно биткоини. Единствен проблем е што не може да се сети на шифрата од неговиот дигитален паричник.

Тој своите криптовалути ги чува на хард диск наречен „IronKey“, овој уред му дозволува на корисникот до десет пати да внесе точна лозинка за да пристапи до податоците, пред тие засекогаш да бидат загубени. Томас направил осум неуспешни обиди, за сега.

Во превод, има уште две шанси, инаку останува без пари.

„Само лежам во кревет и размислувам за тоа. Помислувам дека имам добра стратегија да се сетам, седнувам на компјутер, а потоа повторно грешам и станувам очаен“, го опишал своето искуство Томас во интервју за Њујорк Тајмс.