Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, апелира до власта на 4 февруари превентивно да делува и да ги сопре најавените автобуси од Бугарија за да се избегнат инц иденти. Тој воедно предупреди доколку не се случи такво нешто дека ќе бидат повикани граѓаните да дојдат во голем број за сами да ги спречат најавените провокации од бугарска страна.
-Мислам дека провокацијата што ја спремаат одредени групи од Бугарија на 4 февруари на гробот на Гоце Делчев не треба да ја дозволиме. Според мене треба да се спречат тие автобуси да ја поминат границата. Во спортивно илјадници македонски граѓани ќе се соберат и тогаш ќе биде циркус, порача Јакимовски во емисијата „Студио 10″ на Телевизија 24.
Врвен приоритет е Владата да го зачува мирот и стабилноста во државата ако во Македонија дојде бугарска група која е против македонскиот идентитет на одбележувањето на 4 февруари, денот кога е роден Гоце Делчев, кажа Оливер Спасовски по посетата на Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ каде беа и министерот Бујар Османи и шефот на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал.
Спасовски во одговор на новинарско прашање дали Џамбаски на чествувањето на Гоце Делчев, на 4 февруари ќе биде вратен од граница, кратко одговори дека тој ден ќе одлучат што ќе прават.
-Не е добро за политичките односи и внатре во државата и помеѓу соседите. Знаеме дека секогаш имаме радикални структури кои поради лични или други интереси сакаат да се нарушува тој процес на стабилизација на односите. Од друга страна, никако не смееме да дозволиме да се наруши безбедноста на нашите граѓани. Владата вчера разговараше на оваа тема, го заложи МВР да преземе надлежности во зачувувањето на безбедноста и стабилност во соработка со Агенцијата за национална безбедност, изјави Спасовски.