Јелена Гоковиќ: Носам исти фармерки со години и една иста маица

ИЗВОРСкопје24
|

Јелена Гоковиќ, сопругата на славниот тенисер Новак, во една телевизиска емисија објасни кој е нејзиниот став кога е во прашање изгледот.

– Секој има право да се изрази. Ми стана толку досадно. Најдов значење во помагањето на природата на тој начин. Тоа е фино. Не купувам повеќе како што купував. Носам фармерки стари неколку години, носам една иста маица, сакам секогаш да имам иста фризура, не користам шминка. Ми стана досадно, но со овој избор придонесов за нешто. Не морам да сум во право, само одам по мојот пат, ова ми одговара. Јас сум полна со самодоверба, се чини дека сум апсолутно во право! Се сакам себе си.

„Дали е можно да имате милиони, а вака изгледате?“, се само дел од коментарите кои и ги пишуваат на Јелена.