Јелена Јованова рамо до рамо со Бред Пит

ИЗВОРскопје24
|

Нашата позната актерка Јелена Јованова или периодов попозната како рецепционерката Јелена од Драчево, веќе и недостасува на македонската публика по завршувањето на 4-та сезона „Преспав“.

По повод завршувањето на 4-та сезона „Преспав“, Јелена се обрати на својот Инстаграм.

-Сите приказни доаѓаат до крајот. Ви благодарам на сите што бевте тука за нас, што не поддржавте, го споделувавте вашето мислење, што не сакавте! Благодарам што бевте најдобрата публика. До следниот пат! – пишува Јелена.

Јелена успешно ја гради својата кариера и пошироко од регионот. Таа во 2011 година ја доби улогата на Есма во филмот „Во земјата на крвта и медот“, во режија на Анџелина Џоли. Јованова се спријатели со Џоли, а исто така изјави дека се уште е во контакт со неа.

Со Анџелина се гледаа, а со Бред Пит се рамо до рамо на крстозбори во трафика. Јелена на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се заедно со холивудскиот актер Пит.

-Само ние двајцата, пишува Јелена во описот на објавата.