Јелена Карлеуша била вљубена во овој познат пејач, тој не ја ни забележувал – Еве како таа му се „одмаздила“

ИЗВОРСкопје24
|

Познатата дива Јелена Карлеуша и ден денеска знае слатко да се насмее на секавањето за нејзината единствена невозвратена љубов во младоста.

Имено, се работи за фолк пејачот Жељко Шашиќ на кој Карлеуша му пришла на плажа во Будва и му соопштила дека таа еден ден ќе биде поголема ѕвезда од него.

„Тогаш тој беше голема ѕвезда, имаше долги локни. Сите девојки, особено оние од Земун, беа изгорени по него, вклучувајќи ме и мене. Се сеќавам, тоа беше на плажа во Будва со 50 негови женски фанови и не сакаше да ми каже ниту “Здраво!”. Му пријдов и застанав пред пешкирот на кој лежеше задскривајќи му го сонцето и му реков: “Јас ќе биде поголема ѕвезда од тебе!” – изјавила Јелена за на една телевизија пред седум години.

„Верувам дека оваа приказна му е многу смешна, а и мене, денес. Жељко е прекрасен човек, но мојот вкус драстично се промени оттогаш кога имав само четиринаесет години. Сите мои детски љубови беа убави. Секоја од нив ми беше возвратена, освен онаа на тогаш младиот пејач Шашиќ, кој беше многу постар од мене и се разбира, дете како мене не го интересираше. Тука го доживеав првото љубовно разочарување, но затоа ја научив лекцијата дека за љубовта треба да се бориш“ – ќе рече Јелена многу години подоцна.