ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША ИМА ДВОЈНИЧКА И ТОА ВО МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО)

|

Јелена Карлеуша постојано е во фокусот на јавноста преку своите објави на социјалните мрежи, а особено е активна на Инстаграм.

Денеска, една Македонка исто така објави видео, во кое се преобрази во балканската дива, со помош на перика и секако, со шминка. Се работи за познатата шминкерка од Велес, Андријана, која работи под препознатливиот своевиден бренд BeautyAnica и е позната по тоа што со помош на шминка се преобразува во познати личности. Овојпат инспирација пронајде токму во Карлеуша.

Видеото можете да го погледнете тука.