Јелена Карлеуша ја „поздрави“ Аријана Гранде: Ја обвини дека ја „ископирала“

ИЗВОРСкопје24
|

Јелена Карлеуша повторно им е инспирација на светски познатите ѕвезди! На нејзиниот список на „плагијатори“, последна се запиша популарната пејачка Аријана Гранде, која на доделувањето на наградите „греми“ блесна во раскошна креација на Џамбатиста Вали.

Е сега, проблемот на српската ѕвезда е што креаторот ја „позајмил“ оригиналната идеја на дизајнерката Амина Хасанбеговиќ, која е креаторката на фустанот што ЈК го носеше во октомври 2019 година, а станува збор за персонализирана креција.

Здраво Аријана Гранде! Во ред е да имаш ист фустан, НО ако фустанот е персонализирана креација, тогаш… 🙈🙊🙉. Разбирам дека фустанот на Аријана е од Џ. Вали, но тоа е уште посмешно. Не е во ред, не поради мене, туку поради Амина Хасанбеговиќ, која го направи оригиналниот фустан“, порача поп-пејачката во опсиот на споделените фотографии на својот инстаграм-профил.