Јелена Карлеуша, Тони Цетински и Весна Бејби се сеќаваат на Тоше: емотивни исповеди

|

Денеска се навршуваат 12 години од смр*та на најголемата музичка ѕвезда во Македонија Тоше Проески. Пред точно 12 години ова беше најтешкиот ден за Македонија, а вистински шок за целиот Балкан и пошироко.

Јелена Карлеуша се сеќава на Тоше: Беше исклучителен другар
И ако за Балканот важи за скандалозна личност, популарната српска пејачка


Јелена Карлеуша по повод денот на заминувањето на Тоше Проески објави нивна заедничка фотографија која се случи пред многу години во Белград, после една промоција, на која присуствуваше и Јелена. Таа за Тоше има само најубави зборови.

– Еден е од ретките на естрада кој не глумеше лудило ниту дволичност. Беше многу искрен и отворен во другарувањата, а со мене исклучително другарски настроен. Ни до денес не можам да ја преболам тажната вистина дека физички го нема меѓу нас. Но тука се неговите песни кои по радио и тв станиците постојано се слушаат, бидејќи публиката тоа го сака и не заборава.Уште го памтам оној период кога во Грција го снимавме албумот, а јас на некој начин му бев возач. Го возев до студиото каде снимавме, а го возев и до плажата, многу сакаше да плива, го сакаше морето, се сеќава Карлеуша на нашата ѕвезда од Крушево.

Цетински на годишнината од смртта на Тоше Проески: Секоја година немилосрдно доаѓа тој ден – неговиот близок пријател и колега, Тони Цетински преку социјалните мрежи се потсети на големата sвезда.


-Секоја година, тој ден доаѓа кај нас, тоа утро како нешто што не сакаме да го знаеме, слушаме или чувствуваме, но доаѓа немилосрдно и не потсетува колку сме кревки и како никогаш не знаеме што носи наредниот ден…Секогаш сакам да кажам и да повторам дека навистина беше посебен. Благодарение на тебе, твоето однесување, скромноста, постапки, сигурен сум дека ангелите се тука со нас во човечка форма. Ти беше еден од оние луѓе што ја обновува вербата во човештвото, во ангелите кои одат по земјата.

Весна Бејби: Помислувам многу често како ќе пееше денес, на што ќе се смееше, за што ќе беше нервозен…
Неговата пријателка актерката Весна Петрушевска и оваа година горко се присетува на последната средба и на кобното утро.

-Јас се сеќавам на 15-ти октомври, на оној другиот ден беше вторник и не се сеќавам многу… зошто и би се потсетила? Но, затоа таа понеделничка вечер ме гребе…12 години! Се ми е кристално јасно и неговиот чекор, неговата силуета како се прикрадува за да ме изненади, широката насмевка и задршката на сопственото разочарување. Ја паметам онаа силна прегратка. Кога некој ќе ми каже дека е роден 1981 година, таа година емотивно ме врзува само за него. Помислувам јас многу често како ќе пееше денес, на што ќе се смееше, за што ќе беше нервозен… имам многу сеќавања со него, велат само тогаш знаеме колку сме биле, колку сме живееле и зошто да го браниме нашиот живот. Колку е се бесмислено кога таков лик ќе исчезне преку ноќ… вечерта е тука, утрото го нема… беше ладен и дождлив октомври… мене барем ми беше така…. вечерва исто… те сакам бескрајно и те чувам повеќе од што мислиш бејб❤️❤️❤️

Јас се сеќавам на 15ти октомври, на оној другиот ден беше вторник и не се сеќавам многу…зошто и би се потсетила?но,…

Gepostet von Vesn Bejbimama Petrusevska am Dienstag, 15. Oktober 2019