Јелена Карлеуша за Душко: „Ти си човек кој никогаш никого не засрамил, за жал трпиш заради мене“

ИЗВОРСкопје24
|

Јелена Калеуша и сопругот Душко неодамна беа на ручек со нивните пријатели, но не било каде туку во преубавата Турција. Карлеуша му е огромна поддршка на Душко, за што говори фактот дека ги спакува куферите само за да му прави друштво на сопругот поради потпишувањето на договорот за турскиот клуб Касимпаша.

Фотографиите од настанот беа неизбежни, а меѓу дугото Карлеуша изненади со посебна објава посветена на Тошиќ каде што го опсипа со милион позитивни зборови.

– На здравје! На здравје за овој добар, искрен, недопрен човек покрај мене, татко на две ќерки кои неизмерно ги сака, одличен спортист. На здравје за човекoт кој никогаш не изневерувал, понижувал или некого засрамил. Никој, никогаш. Човек без ниту една дамка, кој за жал трпи најстрашни нап ади.Заради мене. Поточно заради нивната болна омраза кон мене. Треба да напишам: Никој не може да те извалка, Душко, нема толку ѓубриња со лоши намери и лаги што можат да го уништат добриот човек и неговото семејство, напиша таа на социјалните мрежи во прилог на заедничката фотографија.