Јелена Спеџарска посакува да има ќерка: „Да се биде жена е привилегија! Моќ!“

ИЗВОРСкопје24
|

Секоја жена заслужува да знае дека е БОЖИЦА!, истакна водителката Јелена Спенџарска на својот Инстаграм профил.

„Еден ден,ако даде Бог, би сакала да имам ќерка. И додека расте, да ја учам дека да се биде жена е привилегија! Моќ! Да и помогнам да сфати дека нејзината вредност нема да се мери по нејзините облини туку по нејзиното срце. Ќе ја научам да знае дека дека е возможно во исто време да бидеш и силна и чувствителна, амбициозна и смирена.

Ќе ја научам колку е лесно но и важно да бидеш несебичен и грижлив. Ќе ја охрабрам да биде своја и неверојатно посебна. Да има самодоверба во сопственото тело, сигурна за тоа која е и горда на тоа што е.

Ќе се погрижам да знае дека самото нејзино постоење е магично.
Секој ден ќе и кажувам колку е сакана. Колку е способна. Колку е заразна нејзината насмевка.

Сакам да знае дека додека верува во себе и ја следи својата љубопитност и интуиција, СЕКОГАШ ќе биде токму таму каде што ќе посака. И без разлика кој пат да го одбере, секогаш ќе бидам тука за да ја поддржам, исто како што мојата мајка била (и уште е) тука за мене.

Сакам секоја една млада девојка да знае колку е убава. Секоја заслужува да и биде кажано и покажано колку е сакана. Да знае дека ранливоста не е слабост туку сила, дека никој не може да ја одземе светлината од нејзините очи се додека самата таа не го дозволи тоа и дека нејзината душа има сила да го движи целиот универзум. Секоја жена заслужува да знае дека е БОЖИЦА!!“, посочи Спенџарска.