Јована се враќа на тв екраните – Жељко ја вработи сопругата

ИЗВОРСкопје24
|

Јована Јкосимовиќ наскоро треба да започне да ја води утринската програма на К1.

„Жељко одамна ми рече дека сака да ја започне утринската програма на К1. Кога Јована беше отпуштена од Прва во средината на септември, логично беше да и го понуди работното место на својата сопруга. Сепак, таа чекаше неколку недели да види дали ќе добие понуда од некоја национална телевизија. Кога сфати дека на некои телевизиски врати и се затворени, а на други не можат да и плаќаат колку што бара, таа реши да се префрли на К1. Жељко е пресреќен, тој е сигурен дека Јована ќе го зголеми рејтингот на неговата телевизија “, изјави извор за Информер.

Јована се подготвува за својата прва емисија, а пред камерите на К1 за прв пат ќе се појави најдоцна до крајот на годината.

“Жељко го препушти главниот збор на Јована, тој воопшто не се меша во нејзината работа. Таа работи напорно на концептот на утринската програма, но не сакаше да ни открие детали”, додава изворот, и вели дека Јована никогаш не го спомнала својот колега Срѓан Предојевиќ.