ЈСП го менува возниот ред: Од утре по нов распоред ќе сообраќа јавниот превоз

ИЗВОРСкопје24
|

По завршувањето на зимскиот распуст на учениците јавниот превоз ќе сообраќа по вообичаениот зимски возен ред. Во изминативе три недели, поради ученичкиот зимски распуст, тој беше редуциран.

Од утре, автоматски продолжува и важноста на ученичките бесплатни билети за користење на јавен превоз, Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

ЈСП воедно информира дека поради паднат кабел на дел од трасата, од 10 часот денеска линија 65А сообраќа до гробиштата во с. Страчинци.