ЈСП: Јавниот превоз не поскапува, билетот за едно возење е нова услуга

ИЗВОРСкопје24
|

Билетот за едно возење е нова услуга, нов продукт кој треба од 1 ноември да биде имплементиран во постоечкиот систем за електронска наплата. Билетот ќе биде наменет само за еднократна употреба, хартиен со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компактибилен со постоечката опрема, односно ќе се валидира безконтактно на постоечките валидатори, но не поскапуваат другите услуги на ЈСП, велат оттаму.

И натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, валидирањето со електронски паричник чини 35 денари, валидација со мобилен телефон е 40 денари и слично.

Билетот ќе може да се купи во автобусите (кај возачот, и во возилата на ЈСП и кај приватните превозници), како и во билетарниците на ЈСП Скопје и секундарната продажна мрежа (маркети, трафики, тобака и слично).

Инаку, утре, сабота (28.09.2019 година), поради градежни активности на улица „Благоја Стефковски“ од 8 до 24 часот улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај од потегот после Триангла (поделба кон Ченто и Маџари), се до пред завртувањето кон улица „Перо Наков“.

Од тие причини, линиите 50, 52, 53, 62, 63, 63А, 66, 66А, 68 и 69 ќе бидат пренасочени:

*кога се движат кон Центар во Маџари (Термо), ќе свртат лево по улица „Перо Наков“, кај „Тинекс“ ќе свртат десно на булевар „Киро Глигоров“ и преку надвозникот кон булевар „Александар Македонски“, па по редовната траса ќе сообраќаат до крајната постојка

*од Центар ќе сообраќаат по истата траса, односно од Автокоманда (постојка Алкалоид), по надвозникот ќе вртат десно на булевар „Киро Глигоров“, па лево по улица „Перо Наков“ и кај Термо десно на улица „Благоја Стефковски“, до крај по своите траси.