ЈСП пушти билет за едно возење

ИЗВОРскопје24
|

Пуштен е билет за едно возење, информира ЈСП-СКопје. Билетот може да се купи во сите возила на ЈСП Скопје и во билетарниците на ЈСП Скопје. Билетот чини 50 денари.

-Билетот е наменет за еднократна употреба, хартиен е со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компактибилен со постоечката опрема, односно се валидира безконтактно на постоечките валидатори, велат од ЈСП.

Цената на останатите видови билети останува непроменета.

-И натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, билет валидиран преку електронски паричник чини 35 денари, валидација со мобилен телефон е 40 денари и слично. Веруваме дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, воопшто, за сите оние кои не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз со „Скопска“ или мобилен телефон, информираат од ЈСП.