|
Поради верскиот празник Духовден, утре и во сабота јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Како што информираат од ЈСП „Скопје“ во недела сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Во текот на утрешниот ден на линиите што водат до гробиштата Бутел, 59, 59А и 59Б ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.
Утре билетарниците и центрите за персонализација нема да работат, а во сабота ќе функционираат со редовно работно време.
Жичарницата в петок ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.