ЈСП со важно соопштение: Ова е новиот возен ред на автобусите

|

ЈСП Скопје информира дека од денеска, вторник (6.04.2021 год) до вторник (20.04.2021 год), јавниот превоз ќе сообраќа до 20 часот, а билетарниците и центрите за персонализација ќе работат до 18.30 часот.

Режимот на јавниот превоз е согласно последната одлука на Влада за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот, почнувајќи од денеска.

Останатиот распоред, до последниот посочен термин, е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје.

-Ве потсетуваме дека и натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела, времено укинати се и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи ниту Жичарницата, информираат од ЈСП.