ЈСП со важно соопштение за сите граѓани

ИЗВОРСкопје24
|

По повод државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, утре автобусите од јавниот градски превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред. Како што соопшти ЈСП „Скопје“, истиот режим ќе важи и в сабота и в недела.

В петок дежурни ќе бидат три билетарници, Транспортен центар – со работно време од 7 до 19:30 часот, Зелено пазарче – од 7 до 19:30 часот и Ѓорче Петров- од 7 до 13 часот. Билетарниците в сабота ќе работат со вообичаено работно време, а в недела дежурни ќе бидат посочените три билетарници.

Инаку, билетот за едно возење е нова услуга, нов продукт кој треба од 1 ноември да биде имплементиран во постоечкиот систем за електронска наплата. Билетот ќе биде наменет само за еднократна употреба, хартиен со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компактибилен со постоечката опрема, односно ќе се валидира безконтактно на постоечките валидатори, но не поскапуваат другите услуги на ЈСП, велат оттаму.

И натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, валидирањето со електронски паричник чини 35 денари, валидација со мобилен телефон е 40 денари и слично.

Билетот ќе може да се купи во автобусите (кај возачот, и во возилата на ЈСП и кај приватните превозници), како и во билетарниците на ЈСП Скопје и секундарната продажна мрежа (маркети, трафики, тобака и слично).