ЈСП со важно соопштение за сите граѓани

ИЗВОРСкопје24
|

ЈСП излезе со важно соопштение за граѓаните кое се однесува на утрешниот ден по повод празникот.

Јавниот превоз утре, вторник (8.12.2020 година) кој е неработен ден поради државниот празник Св.Климент Охридски, ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје.

Дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а отворена од 7 до 13 часот ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Од ЈСП потсетуваат дека и натаму не сообрааќаат автобуските линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), а не работи ниту Жичарницата. Исто така, сѐ уште, времено е укинато бесплатното возење за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.