„ЈСП“: Викендов времен прекин на неколку автобуски линии и летен режим на работа

loading...

Викендов нема да сообраќаат автобуските линии 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно, освен линијата 25 со редовен возен ред после 16 часот во сабота, односно после 15:30 часот во недела, информираат од ЈСП Скопје.

Причина за времениот прекин на автобуските линии е одржувањето на брзинско-ридскиот натпревар во автомобилизам „Награда на Скопје Водно 2018“ кој ќе се одржи на Водно.

Од тие причини, патот на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија до Средно Водно ќе биде затворен за сообраќај, што условува прекин на автобуските линии.

Иаку од сабота почнува летното работно време на панорамскиот автобус за туристичко разгледување на Град Скопје кој го менаџира ЈСП Турс, „Сити бас”.

Автобусот ќе тргнува од 11 и од 17 часот од градскиот плоштад, пред зградата на ЕВН каде ја завршува рутата која е со времетраење од 45 минути до еден час.

ЈСП Турс соопшти дека се менува времето на тргнување, кое претходно беше од 11 и 13 часот, поради топлото време. Цената на билетот останува непроменета, 150 денари, а туристите добиваат и картичка со едно возење во градскиот превоз.

Од ЈСП Скопје информираат дека од 10 јуни (недела) автобуските линии почнуваат со летен режим на работа, кој може да се види на веб страницата  www.jsp.com.mk.