Јужноафриканка родила десет деца – официјалните лица чекаат потврда

ИЗВОРСкопје24
|

Жена од Преторија во Јужна Африка наводно родила 10 бебиња, што, ако се покаже дека е вистина, е нов светски рекорд.

Госијаме Тамара Ситол и нејзиниот сопруг останале запрепастени кога родила десет деца, бидејќи на ултразвукот биле забележани само осум бебиња.

„Добивме седум момчиња и три девојчиња“, изјави сопругот Тебохо Котеци за „Преторија њуз“ по породувањето.

„Среќен сум и многу емотивен, не можам да зборувам многу“, додаде тој.

Официјален претставник од Јужна Африка за Би-Би-Си потврди дека се родени десет деца, додека друг рече дека тие прво мора да ги видат децата и да се уверат во тоа.

Гинисовата книга на рекорди вели дека го испитуваат случајот со госпоѓицата Ситола.

Минатиот месец, 25-годишната Халима Сисе од Мали роди деветмина, сите во болница во Мароко и, наводно, здрави.

Овој пар од Јужна Африка тврди дека децата се зачнати природно, иако многу ретко се случува жените да носат три или повеќе бебиња, а тоа најмногу се случува по вештачко оплодување.