Каде наврна најмногу снег и какво време не очекува во следните денови?

ИЗВОРСкопје24
|

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 16 часот (во см): 32 Попова Шапка, 23 Битола, 12 Тополчани, 9 Крушево, 8 Охрид, 7 Маврови Анови, 6 Претор, 5 Ѓуриште, 2 Крива Паланка, 1 Пожаране.

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во С): -7 Маврово, -4 Берово, -3 Крива Паланка, -2 Битола, Прилеп, -1 Охрид, Претор, 0 Штип, 1 Скопје, Струмица, 2 Тетово, Демир Капија, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Во вечерните часови и во текот на ноќта умерено облачно, пооблачно ќе биде во северните делови. Ќе дува умерен, а во долниот дел на Повардарието засилен северен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево со мала до умерена облачност и студено. Во северните делови променливо облачно, во текот на ноќта со услови на места да провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -7 до 3 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен северозападен ветер. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе провејува слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 0 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на стабилно и студено време со многу ниски утрински температури, а и дневните до вторник во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Од понеделник до среда ќе биде претежно сончево, а од четврток облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за локални врнежи од дожд.