Каде се и што прават денес победниците на „Ѕвездите на Гранд“

ИЗВОРСкопје24
|

Регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ со текот на годините стана од едно најпопуларните шоуа во регионот.

По завршување на одредена сезона на ова музичко натпреварување, некои од победниците направија кариера, а некои исчезнаа од естрадната сцена.

Победничката на втората сезона, Милица Тодоровиќ оваа година е поуспешна од 2005 година. Имено, таа моментално е во врска со актерот Петар Стругар, а зад себе има многубројни хитови.

Душан Свилар одлучи да се повлече од естрадата. Тој победи во 2007 година, а потоа потополно ја промени својата професија. Свилар заврши во опера.

Прв победник на „Ѕвездите на Гранд“ беше Бане Мојиќевиќ. Тој и ден денес се занимава со музика. Последната година се посвети на семејството, а за следната година најави нов албум.

Стефан Петрушиќ кој победи во петатта сезона пред неколку години се повлече од јавната сцена. Тој одлучи да го остави микрофнот и да стане адвокат.

Дарко Мартиновиќ не се задржа многу во естрадните води. „Не снимам песни. Дојде време за некои млади пејачи“ порача тој.

Победникот на 9-тата сезона, Харис Берковиќ стана популарен кога ја започна врската со неговата колешка Рада Манојловиќ.

Македонскиот победник во „Ѕвездите на Гранд“ уште повеќе започна да се занимава со музичка кариера, па тој се пресели во Белград каде што живее повеќе од една година и редовно настапува.