Кај Крушевац целосно изгоре автобус, патниците за влакно се спасија

|

Попладнево, во Србија, во близина на селото Мајдево кај Крушевац, целосно изгоре автобус на компанијата „Југопревоз“ кој сообраќа во приградски сообраќај, но за среќа избегната е поголема трагедија.

Сите патници и возачот успеале безбедно да излезат од автобусот пред тој целосно да се прошири и да изгори.

Автобусот е целосно уништен, а причината за пожарот не е позната.

Видеото од пожарот можете да го погледнете со клик ТУКА.