Кај нас досега се детектирани осум соја на болеста, вели Филипче

ИЗВОРСкопје24
|

Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на ТВ Сител зборуваше за вакцинацијата која треба да почне наредниот месец и при тоа истакна дека од анализите што се прават во МАНУ за да се докажа дали има дополнителни мутации на болеста кај последните новодијагностицирани случаи, како и целосната епидемиолошка состојба, ќе зависат идните мерки.

-Кај нас досега се детектирани осум соја на болеста, направено е генетско секвенционирање во лабораторијата во МАНУ, од последните летни месеци па наваму преовладуваат два соја, меѓутоа во овој момент се прави генетско секвенционирање и анализи од последните две недели за да видиме дали има некаква мутација којашто е можеби слична на онаа што ја има во Велика Британија. Неделава ќе знаеме дали има дополнителна мутација на последните новодијагностицирани случаи во последните две недели, рече вечерва Филипче во гостување на ТВ Сител.

Имаме, потенцираше, значаен пад на новодијагостицирани случаи што значи дека мерките од пред неколку месеци дадоа резултат и мора да се изрази благодарност и до граѓаните кои ги почитуваа превентивните мерки.