Како безбедно да го сопрете автомобилот доколку откажат сопирачките

ИЗВОРСкопје24
|

Доколку некогаш ви се случило ова, тогаш знаете дека може да биде непријатна и опасна ситуација. За да избегнете паника и евентуална сообраќајна несреќа, треба да знаете што точно да направите во ваква ситуација.

Намалете ја брзината

Доколку ги притискате сопирачките, а не реагираат, постои друг начин како да го сопрете автомобилот. Намалете ја брзината со менувачот, но пополека, една по една брзина. Не одете веднаш на најмалата брзина бидејќи во тој случај може да ги блокирате гумите. За тоа време пополека пропуштајте притисок на квачилото.

Доколку возите автомобил со автоматски менувач може рачно да ги изберете брзините. Кога ќе успеете да го намалите степенот на пренос, тоа може да поттикне кочење на моторот кое ограничува проток на воздух и создава вакум во моторот кој обезбедува отпор во цилиндрите. Ова може да ја намали брзината на моторот и на самиот автомобил.

Избегнувајте неутрална положба на менувачот

Без разлика дали возите автомобил со мануелен или автоматски менувач, избегнувајте префрлување на менувачот во неутрална позиција(лер).

Тоа може да го оневозможи кочењето на моторот па вашиот автомобил ќе продолжи да се движи слободно.

Користете ја рачната кочница

Пред да ја повлечете рачната кочница, проверете дали брзина е доволно мала. Тоа значи дека некое време треба да се движите многу пополека пред да ја повлечете рачната, а тогаш таа ќе го сопре автомобилот. Не треба со сета сила да ја повлечете рачната кочница, туку пополека откако ќе забележите дека возилото успорува. Доколку ја повлечете пребргу, ќе ги блокирате задните гуми, пишува Telegraf.rs.

Избегнувајте претерано движење на воланот

Секако дека треба да го движите воланот за да свртите на некоја страна, но правете го тоа со лесни движења за да одржите стабилност и контрола на автомобилот.