Како да ја елиминирате мувлата и непријатниот мирис од веш машина

ИЗВОРСкопје24
|

Дали по перењето облеката ви има непријатна миризба, а во внатрешноста на гумата на веш машината или во преградата за прашок се појавиле црни дамки? За да се решите од оваа непријатна појава сторете го следното.

Ќе ви биде потребно:

-течно средство за чистење (пожелно е да содржи хлор) -сунѓер (кој нема да ви биде жал да го фрлите.)

-ракавици -25 грама лимонтус

Постапка: -Првиот чекор во борбата против мувлата е обично бришење со хартиено марамче на внатрешноста на веш машината за да се решите од насобраната прашина.

-Потоа нанесете било какво средство за чистење (пожелно е да содржи хлор) на гумата, по целата површина, рамномерно распоредувајќи го. -Затворете ја вратата и оставете така 2 часа. -По истекувањето на времето, вклучете ја машината на режим „плакнење“, за да се испере средството за чистење.

-Потоа во преградата за прашок сипете го лимонтусот и вклучете ја машината на највисока температура. По оваа процедура, вашата машина ќе светне како да е нова. Повторете ја оваа процедура по потреба за месец дена, за да конечно се ослободите од мувлата.

И не заборавајте дека превентивното одржување значи продолжување на животниот век на вашата веш машина.