Како да ја негувате Божикната ѕвезда за да ја имате долго време

ИЗВОРСкопје24
|

Како што полека се ближат Новогодишните и Божиќните празници цвеќарите веќе започнаа да ги продаваат преубавите Божиќни ѕвезди. Но, повеќето се прашуваат како да го негуваат ова убаво цвеќе. Ние во продолжение ќе ви откриеме мали трикови со кои ќе ја сочувате Божиќната ѕвезда.

Додека цвета, растението треба да го чувате во малку постудена просторија на температура од 12 до 14 степени Целзиусови затоа што во потопла просторија брзо ќе прецвета.

Растението го бара најсветлото место (на прозорецот) и влажен воздух, а тоа се однесува на централното греење каде што температурата е повисока. Кога ќе прецвета, односно кога ќе ѝ отпадне цветот, растението можете да го префрлите во малку постудена просторија. Најпогодната температура е од 10 до 12 степени. Тогаш престанувате да го налевате, па растението ќе ги отфрли лисјата, што значи ќе настапи мирување. Во април растението треба да се пресади во свежа, хранлива земја со 15 отсто чист речен песок.

Кога ќе го пресадувате цвеќето, добро е гранчињата да ги скратите на должина од околу 10 сантиметри. Местото каде што сте го ис екле цвеќето запрашете го со дрвен јаглен или запечатете го со восок од зап алена свеќа, за да не истече млекото. Ако истече млекото од растението, тешко дека тоа повторно ќе цвета.

На пресаденото растение обезбедете му светлина и топло место, во близина на прозорец или на прозорецот, а на почетокот налевајте ја внимателно. Кога ќе почне да пушта нови гранчиња, залевајте ја обилно и тоа секогаш со млака вода. Кон крајот на јуни можете да изнесете надвор на сончево место.