Како да се поттикне конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија и нивното вклучување во ланецот на снабдување на мултинационалните компании во земјата?

ИЗВОРЦентар за управување со промени
|

Пред вас стои Протокол за постапување и унапредување на соработката помеѓу Владата, институциите, домашните мали и средни претпријатија и мултинационалните компании, изработен од страна на Центарот за управување со промени заедно со Finance Think и содржи препораки за креаторите на политики за носење мерки и стратегии кои ќе ја поттикнат конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија (МСП) и нивно вклучување во ланецот на снабдување на мултинационалните компании (МНК) во земјата. Политиките кои ги препорачуваме треба да овозможат подобрување на целокупната економска средина и создавање на здрава деловна клима за претпријатијата во земјата.

Овие препораки се донесени врз основа на истражувања кои ги идентификуваа бариерите кои постојат за успешна размена на стоки и услуги меѓу домашните и мултинационалните компании во РСМ (преку стандардизиран сет од прашања и интервјуа во директна соработка и активно учество на повеќе од 120 МСП и МНК од повеќе региони во РСМ) кои резултираа со непристрасни податоци. Овие резултати укажуваат на потребните промени во креирање на политиките, што ќе значат реални подобрувања во областа на зајакнување на соработката помеѓу домашните МСП и МНК и воопшто на бизнис климата во земјата.

Дел од препораките за Владата и институциите:
– Владата на РСМ во стратешката определба за привлекување на странски директни инвестиции треба да изгради разумна стратегија за привлекување на инвестиции со соодветна трошочна ефективност.
– Знаењето и технологијата што ја носат со себе МНК може да се пренесат и на домашните компании преку два основни канали, преку соработка и преку трансфер на знаења и информации преку кои домашните компании ги реплицираат странските технологии и менаџерски практики. Владата и институциите треба да бидат основниот медијатор кој ќе овозможи погодна средина.

Дел од препораките за Домашните компании
– Воведувањето и поседувањето на акредитирана сертификација на меѓународните стандарди придонесува за препознатливост на македонските компании на меѓународниот пазар, усогласеност со домашната и меѓународната законска регулатива и континуирано унапредување на нивното работење.

Дел од препораките за Мултинационалните компании
– Да се воведат програми за менторска поддршка и обука на домашните компании од страна на странските МНК како добар метод за зајакнување на капацитетите на домашните МСП и усогласување согласно стандардите и барањата на странските компании.

Сите анализи чии наоди се презентирани во Протоколот за постапување, во целост, можете да ги најдете на веб страниците на ЦУП – www.cup.org.mk и на Finance think –www.financethink.mk.

Протоколот можете да го симнете ТУКА

Раководител на проект
Јасна Пајковска