Како да се врати изгубената доверба на граѓаните во институциите и во политичкиот систем

ИЗВОРСкопје24
|

Се повеќе граѓаните ја губат довербата во институциите и целокупниот политички систем. Многубројните анкети спроведени досега покажуваат фрапантни податоци околу довербата која граѓаните ја имаат во институциите во државата и општо во извршната, законодавната и судската власт.

Ова е неприфатливо за една демократска држава и поради тоа потребно е најитно да се превземат соодветни мерки со цел подобрување на состојбата.

Токму со таа цел во дебатната емисија Win Win на телевизија Телма, дебатираа извршниот директор на Центарот за управување со промени (ЦУП) Неда Малевска Сачмароска и проф. Драган Гоцевски од Правниот факултет во Скопје за новиот закон за реформа на јавната администрација и висока јавна служба.

Целата дебата и нивните ставови изнесени во емисијата погледнете ги во ВИДЕОТО.