Како да замениме пукната гума без дигалка (ВИДЕО)

|

Секој возач би си направил голема услуга ако провери дали располага со сите неохпходни алати за смена на гумата пред да тргне на пат. Што може да стори ако проблемот се покаже голем. Што доколку ви се дупне гума, а немате дигалка за да можете да ја замените. Во таква ситуација има решенија, но не се особено елегантни.

Едниот од начините да се смени гума која е дупната без дигалка е притисокот во неа. Ако дупката од која излегува воздуот, не е со размери на дупката на „Титаник“, тогаш обидете се да ја напумпате колку да се крене малку од бандажот и ставете неколку камења, тули или други потпори под суспензијата.

За да демонтирате пукната гума, треба повторно да го ослободите притисокот, а потоа да ја направите истата процедура со резервната, за да може да се протне во растојанието меѓу главниот дел и асфалтот. Следува затегање на штрафовите и пумпање.

Вториот метод за смена на пукната гума без дигалка дури и да не бара поддршка од помошни средства како камења или даски, туку целосно зависи од околниот релјеф. Во близина треба да има некакво возбишување или жлеб, на кој автомобилот ќе биде запрен во дијагонала за да „виси“ проблематичното тркало.

Извор: 24ауто.мк