Како да не го внесете вирусот дома: Собујте се, измијте ги рацете и однесете ги јакните на балкон

ИЗВОРСкопје24
|

Повеќето граѓани, иако им е јасно како вирусот се пренесува, сепак не знаат што прво да прават кога ќе ја отворат вратата од својот дом, по враќање од работа или продавница. Инфектолозите препорачуваат како да се заштитите во ваква ситуација.

Од каде и да се враќате, прво нешто што треба да направите кога ќе влезете дома е веднаш да ги собуете обувките. Јакните или капутите веднаш изнесете ги на тераса. Потоа веднаш одете во купатило и мијте ги рацете најмалку 20 секунди под млаз топла вода. Потоа веднаш пресоблечете се. Никакао не бакнувајте се и не прегрнувајте се со децата и останатите домашни – препорачуваат епидемиолозите.

Доколку сте тргнале на пазарење, многу е важно да држите растојание. И тука важи правилото да нема бакнување, ракување и прегрнување со познаници и пријатели кои таму сте ги сретнале. Во продавница држете растојание, а намирниците кои сте ги донеле во кеси, спуштете ги на под, повторете ја постапката при влегување дома, а потоа храната, овошјето и зеленчукот извадете ги од кесата, ставате ги кај што вообичаено ги ставте, а кесите фрлете ги – нагласуваат епидемиолозите.

Воедно тие додаваат дека треба почесто да се дезифицираат работните површини во кујната.

Чистете со правосмукалка и бришете ги подовите. Водете сметка за хигиената, а доколку осетите симптоми, а знаете дека сте биле во контакт со лица за кои се сомневате дека се болни, веднаш јавете се на лекар.