Како Финска им помага на новите родители?

ИЗВОРскопје24
|

Како да ги победиме црните статистики со кои годишно губиме многу жители? Дел од одговорот може да лежи во она што го прават Финците. На секое новороденче му е обезбедена кутија – колевка со неопходни предмети во вредност од над 300 евра.

Пред еден месец, момче пристигнало во домот на Томас и Сузана Соџил. Неговото име сè уште не е откриено, бидејќи тоа е обичај во Финска – сè додека бебето не се крсти. Исто така, традиција е дека во пресрет на раѓањето на детето, пакет од државата пристигнува на адреса на родителите.

„Тој е наше прво дете и немавме ништо за бебето, така да се ни е добредојдено“, вели Сузана, додека Томас додава дека почитувањето на таквата традиција испраќа добра порака и покажува дека државата се грижи за луѓето.

Таа традиција започна пред скоро 100 години кога волонтерите шиеле и подготвувале корпа со предмети за сиромашните семејства.

Секоја година, Финците ја менуваат содржината на кутијата барем малку. Бебињата родени во 2019 година добија вкупно 63 подароци, вклучително и блузи, боди, ракавици, капачиња… Она што не се менува е на дното на кутијата – душек кој ја има својата симболика.

И тоа е, шансите се еднакви за сите при раѓање. Многу бебиња во таа кутија спијат, барем во раните месеци. Родителите можат да избираат помеѓу парична помош и кутија. Но, постои еден услов.

„Треба да посетите лекар за да добиете кутија. Затоа, сите мајки треба да посетат гинеколог кој ќе провери дали сè е во ред со бременоста и бебето “, објаснува Ела Наси од институцијата за социјално осигурување.

Тие веруваат дека ова е исто така една од причините зошто тие имаат најниска стапка на смртност кај новороденчиња денес – две на 1.000 породување. Дури 95 проценти од мајките избираат кутија затоа што вреди повеќе од 300 евра, додека финансиската помош е 170 евра.

„Ова е симболичен подарок затоа што не се потребни сите овие работи на сите мајки, но тие ги ценат. Тие се покажаа како практични и родителите не мора да трчаат по продавниците и да мислат што им треба “, истакнува Ела Наси.