Како продавниците за облека нè тераат да потрошиме повеќе пари?

ИЗВОРСкопје24
|

Продавачите се добро истренирани да користат психолошки техники за подобрување на расположението на муштериите со правилно избрани бои, музика, миризби и чувство на луксуз. Продавниците го местат мебелот, работат со форми и нè молат „само да пробаме“ нешто.

Всушност, тие го прават сето ова само за да привлечат муштерии и да ги натераат да останат внатре. Погледнете кои се тајните на продавниците за облека со кои ве тераат да потрошите повеќе пари.

1. Големиот црвен знак „Распродажба“ создава чувство на итност

Сте се запрашале ли зошто сите знаци за распродажба што нудат добри зделки се црвени? Во овој случај продавниците користат основна психологија и ја употребуваат бојата на која најмногу реагираме. Во човечкиот ум, црвената е позната како нијанса за опасност. Оваа реакција создава чувство на итност и ги тера потрошувачите да купат нешто.

2. Користат „препознавање на брендови“

Повеќето од нас лесно можат да препознаат облека направена од големи и скапи модни брендови. Ова е познато како препознавање на брендови и значи дека луѓето можат да го препознаат брендот преку лого, слоган, боја и слично. Многу брендови за облека го употребуваат ова во нивна корист. Прават парчиња што изгледаат како да се од некој познат бренд, а се многу поевтини. На овој начин потрошувачите го купуваат парчето бидејќи го препознале и мислат дека „заштедиле“ пари.

3. Облеката и додатоците се покажани во сетови и групи

Ретко ќе најдете кукла со само едно парче облека на неа. За продавниците е важно да ви покажат како можете да ја комбинирате нивната облека. Ако на потрошувачот му се допаѓа нешто, најверојатно ќе купи уште нешто што одговара со тоа парче. Ако ви се допаѓаат некои панталони, тогаш ќе посакате да купите и палто што ќе одговара со нив.

4. Користат предмети за да ве забават

Продавниците сакаат да поминете што е можно повеќе време во нив, па користат мали трикови за да ги забават нивните потрошувачи. Тие ги редат масите и закачалките на тој начин што не можете да ја поминете продавницата во права линија. На овој начин ќе се движите побавно.

5. Ви предлагаат да пробате уште нешто

Кога се упатувате кон соблекувалната, некој од продавачите може да ви понуди уште некое парче облека или додаток што би одговарало со тоа што сте го избрале, најчесто „само за проба“. Целта им е да го купите и предметот што ви го понудиле.