Како самохран татко Драган Маринковиќ Маца го изнесе своето мислење околу случајот со Северина

ИЗВОРСкопје24
|

Драган Маринковиќ Маца гостувајќи во една емисија, прозборел околу случајот со Северина, па како самохран татко, истакнал дека смета дека „детето најлошо поминало“, бидејќи поминува низ тежок период.

– Јас луѓето не ги познавам, но најлошо помина детето. Треба да се влезе во врска или брак со цивилизирани луѓе, оди оди, па не оди, нема потреба од судови, ниту социјални работници. Нема подлабоко да навлегувам во таа тема бидејќи и јас сум самохран татко, па имам некои свои причини за или против. Најважно е дека со партнерот, кога веќе имаш плод на љубовта, тоа дете, доколку тој однос завршил, да направите муабет како двајца возрасни луѓе и да се договрите мирно без вклучување на установи. Детето поминува низ тежок период, ова што се случува не е добро. Денешните деца побрзо созреваат, дознаваат многу преку социјалните мрежи, дознаваат за тие писма, за се – изјавил Маца во емисијата Премиера – викенд специјал.

Еве зошто судот и го одзема синот на Северина

Популарната пејачка Северина Којиќ по седумгодишна борба го изгуби старателството над синот Александар, а судот во Хрватска одлучи дека детето треба да биде со неговиот татко Милан Поповиќ. Меѓутоа, ова е привремена одлука на судот, а Којиќ ќе се бори да го врати својот син кај себе.

Целиот регион е зачуден од одлуката на судот. Таа се огласи и истакна дека е изненадена бидејќи е направено прекинување во пресудата.

Како што пишуваат регионалните медиуми, а како причини кои се наведуваат поради кои Севе го изгубила старателството над малиот Александар се: oдбивање соработка со институциите, бидејќи наводно на социјалната работничка и рекла дека е крава, го прогласи својот поранешен сопруг за селанец на судење, училиштето поднело пријава за занемарување на дететои бидејќи и поради непочитување на одлуката на судот да не се објавуваат фотографии од Александар.

Блиска пријателка на Којиќ открива како се чувствува пејачката.

„Слушнав дека Северина е многу лошо. Не може да верува дека нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ отиде предалеку и на сите можни начини се обидува да докаже дека таа е лоша мајка. Севе се труди да биде силна, но скршена е. Упорно ми повторуваше дека таа и нејзиниот син ја знаат вистината и дека таа е најдобра мајка“ вели пријателка на Северина и додава:

„Таа никогаш пред нејзиниот син не зборуваше лоши работи за Милан. Се трудеше да не дознае колку не го поднесува“ вели пријателката на хрватската пејачка.

Откако Којиќ го изгуби старателството над синот, таа преку социјланите мрежи му се обрати со емотивно писмо.

На Инстаграм таа објави емотивно писмо со неколку фотографии кое нема да ве остави рамнодушни:

Знаеш сине, тоа се само некои листови кои некој ги испишал, а на нив има некои букви кои некој ги скоцкал во зборови, а тие не вредат за нас двајца.

Нè одземаа еден од друг физички, но тоа е единственото што можат да го направат. По 7 ипол години, сега ми даваат да те гледам 88 часа месечно. Еј, па тоа се сепак 88 часа. Можеа да бидат и помалку, беа подготвени на сè и направија сè за да нè повредат.

Но, знаеш ли што сè можеме, ти и јас за тие 88 часа? Можеме чуда. Ми дозволија двапати месечно да преспивам со тебе и да те успивам… Еј, колку можеме да си изнакажеме за тие две вечери, тие не можат ни да замислат. Сите други вечери мама ќе те замислува. Бидејќи ти се претвораш во секоја моја мисла и секоја моја мисла се претвора во тебе.

Некои луѓе можат да ми те забранат, но не можат да ми забранат да те сакам, да мислам на тебе секоја секунда. Ова е сине, само еден гаден сон и мама ветува дека брзо ќе се разбудиме. Повторно ќе се успиваме секоја вечер, а за тоа ќе одлучи „господинот време“. Дотогаш, мама ќе биде секогаш покрај тебе и ова брзо ќе помине сине.

Извини што не стигнав ни да ти објаснам што се случи вчера, имавме многу поважни работи… Гледавме „Toy Story 4“, па правевме палачинки, па си игравме во зоолошка… Немаше време за тага ниту за објаснување… Морав да те одведам… Отидовме со насмевка…

Тие чудни зборови кои постојат само на листовите, но не и во реалноста, ги напиша една тетка која не знае кои сме ние и која само си игра со нас… Тетката е на повисоко ниво во играта. Воведе нови правила во играта наречени „хрватско правосудие“. Ние едноставно не го имавме ова предвид, не ги знаевме правилата. Тоа се нејзини правила, нивни, не наши.

Само ти мене биди ми добро и сè ќе биде во ред. Мама е добро, Робине мој, твојот Бетмен те чека.

И прости им сине, бидејќи навистина не знаат што прават…