Како ви звучат подароци во вредност од 322 000 евра? Српската старлета го доби токму тоа

ИЗВОРСкопје24
|

Старлетата Сораја Вучелиќ подолг период живее во Србија, а минатиот месец таа го прослави и својот 34 роденден. Поточно Сораја славеше роденден на 11 септември а од она што го доби многумина ќе останат без зборови.

Старлетата сега се пофали со фотографии од оние работи кои ги добила таа како подарок, а цените се вртоглави. Од скапи часовници со луксузни дијаманти вреден околу 50.000 евра до прстени од 78.000 и 164.000 евра.

Порталот „Србија Данас“ пренесува дека вредноста на она што Сораја го покажа на социјалните мрежи е 322.000 евра.

После оваа објава, познатата старлета предизвика лавина коментари од своите следбеници: „Немате со што друго да се фалите“, „Срамота што прави оваа жена“, „Страшно, никаква вредност без семејство“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.