Како во бајка: Водителката Александра Илиевска ја покажа детската соба на своето бебенце (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Крајот на месец јануари од почетокот на годинава почна магично за ТВ водителката Александра Илиевска бидејќи таа се оствари во најубавата улога за една жена- стана мајка.

Александра воопшто не ја криеше својата бременост откако им откри дека тоа е причината што го напушта популарното кулинарско шоу „Брза кујна“, па постојано споделуваше фотографии со своите следбеници на социјалните мрежи, но и кога се роди бебенцето кое го носи името Сара.

Единствено полот на бебенцето беше оставен како изнаенадување. Сега ги живеат најубавите денови, а како што пишува водителката и новопечена мама –сонот станал јаве.

Сара сега е едномесечно бебенце за кое мама и тато опремија детска соба чиј ентериер го покажаа јавно. Преовладува минимализмот во бело кој целосно асоцира на мир и спокој во тие четири ѕида каде расте Сара.

Еноставно, но впечатливо и магично, особено за среќните родители кои веќе секојдневно живеат и дишат во најубатата улога.

Засега Александра се уште не го покажала бебенцето, а веруваме дека наскоро ќе осамнат нови моменти од деновите кои ги минуваат, растат, се негуваат, уживаат, безусловно се сакаат…

Извор: Вистина.мк