Каква симболика крие името Филип?

ИЗВОРскопје24
|

Името Филип потекнува од грчкиот збор „Philippos“ што значи љубител или пријател на коњите. Оригиналната форма на името е: Φίλιππος. Детално објаснето значење на името: „оној кој сака коњи“, од φιλέω – сака, љуби и ἵππος – коњ.

Ова име е популарно на сите јазици во христијанската цивилизација. Името Филип се поврзува со апостолот Филип. Притоа треба да се знае дека има двајца апостоли со тоа име, едниот е апостол од дванаесетте, а вториот е од 70-те апостоли, којшто бил и ѓакон.

Најраниот познат Филип бил кралот на Македонија, татко на Александар Велики и неколку други владетели на античка Македонија.

Името Филип е популарно во Македонија, Србија и Хрватска и секогаш е во првите 10 најпопуларни машки имиња во регионот.

Доколку го носите името Филип, вие имате моќ на изразување, било да зборувате или пишувате. Посебно сте надарени за учење и истражување. Вие сте умни, конкретни, вистински интелектуалци. Силно интуитивни сте и најверојатно покажувате афинитети кон уметност, драма или наука.