КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. Јован Милостивиот

ИЗВОРСкопје24
|

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 ноември. Денеска е Св. Јован Милостивиот.

Роден е на Кипар во кнежевско семејство. Од детството бил воспитуван како христијанин. Подоцна, по желба на родителите, се оженил и имал деца. Но, семејниот живот не му пречел непрекинато да напредува во доблесниот живот. Кога му го напуштиле од овој свет жената и децата, бил избран за патријарх во Александрија. Ја управувал оваа Црква десет години.

Од сите доблести, посебно го одликувала милостивоста, заради што и бил наречен милостив. Се упо коил на Кипар, во своето родно место, во 620 година. Неговите чудотворни мошти биле пренесени во Цариград, па дури во Будимпешта, и најпосле во Пресбург.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Катерина, девица и маченичка.

За неа постојат многу легенди, меѓу кои е и следнава: „Максимин Даиа (службеник на царот Диоклецијан), кој дошол на власт во римските африкански провинции, одлучил да се разведе од својата жена и да се ожени со Катерина. Младата христијанка одлучно го одбила. Тој ја соочил со педесеттина филозофи со цел, тие да ја убедат, дека Исус кој го изгубил животот на крст, не може да биде Господ. Но, Катарина, служејќи се со говорна вештина и силното верување, ги придобила на своја страна мудреците, така што тие го признале Исус за Господ. Поради тоа Максимин се расбеснил и наредил да и биде одземен животот на Катарина и сите мудреци. На Катарина и била отс ечена главата. И се молат студентите.