|
Во неделата се навршија пет години од заминувањето на кралицата на ромската музика, Есма Реџепова Теодосиевска.
Естрадниот магазин Бекстејџ петочното издание и го посвети на големата Есма, во кој зборуваа: Калиопи, претседателката на хуманитарното здружение “Стево и Есма Теодосиевски,но и блиска пријателка на Есма, Зорана, синот Симеон Атанасов, Зоран Димов и естрадниот новинар Дуле Мичиќ.
Поп дивата Калиопи ја прекина медиумската изолација и проговоре за нејзината кума, пријателка Есма, се присети на убави мигови кои ги поминале заедно,но се разочарала од се она кое што се случува со нејзината куќа во која требаше да биде музејот.