Канје Вест се врати на Твитер откако неговиот профил беше забранет поради антисемитски изјави, а првиот твит што го објави по враќањето беше напишан на хебрејски.
Раперот, исмевајќи се со сопствената контроверзност, твитна „Шалом“ и додаде смајли, што вознемири некои од неговите обожаватели.
Да потсетиме дека Вест, кој законски го смени своето име во Је, е еден од многуте луѓе чиј забранет профил на Твитер беше вратен откако Илон Маск стана сопственик на платформата.
Пристапот до Твитер беше забранет откако на својот профил напиша дека „ќе ги нападне Евреите“.
„Малку сум поспан вечерва, но кога ќе се разбудам, ќе ги нападнам Евреите. Смешно е што всушност не можам да бидам антисемитист затоа што и црнците се Евреи. Си игравте со мене а вие се обидувате да го уценувате секој што се противи на вашата агенда“, им рече тој.