Капитенот Кире Лазаров најави пензија

ИЗВОРСкопје24
|

Во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“, македонскиот капитен Кирил Лазаров признава дека се приближува до крајот на својата кариера, велејќи дека било совршено логично да потпише договор на само една сезона со Нант.

„Мислам дека тоа е крај. Веќе нема смисла. Но, ќе останам во спортот како тренер. Кога веќе играм за Нант, кажав дека ќе играм и за репрезентацијата. Којзнае, можеби за 10 години ќе бидам на клупата на ППД Загреб, клубот кој ми даде многу во кариерата“, вели Лазаров.

Лазаров има 40 години и ќе биде најстариот ракометар во Лигата на шампионите, откако кариерата ја почна во далечната 1995 година во Борец од Велес. Негов прв интернационален клуб беше хрватскиот ППД Загреб, каде што играше од 2000 до 2002, а по пет сезони во Веспрем, повторно се врати во 2007 година во хрватската престолнина. Со Суидад Реал тој го освои трофејот од Лигата на шампиони, а од 2017 година отиде во Нант.

„Кога првпат заминав од Македонија го избрав Загреб, бидејќи е клуб кој има традиција. Секогаш сум велел дека Загреб е еден од најомилените градови во кои сум живеел“, додава Лазаров.