Карачиќ стана македонски зет – Ја побара раката на убавата стумичанка Душица (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Игор Карачиќ реши да стави крај на својот ергенски живот и официјално станува македонски зет. Хрватскиот репрезентативец и поранешен вардаров ракометар популарниот Кара ја побара раката на струмичанката Душица Андоновска, со која е во врска неколку години.

Со рози од кои направи срце и дијамантски прстен ја запроси Андоновска, а нејзиниот одговор беше позитивен. Радоста ја споделија на социјалните мрежи.

Карачиќ ја запроси својата девојка додека двајцата беа во домашен карантин следејќи ги препораките на македонските и хрватските здраствени работници.