Карактеристики на чист и квалитетен мед кои сите треба да ги знаат

ИЗВОРСкопје 24
|

Иако сите сакаме да набавиме чист и квалитетен мед секогаш кога купуваме, реалноста е дека многу пати завршуваме со погрешниот производ. Доколку не сте сигурни како да препознаете квалитетен мед, прочитајте ги упатствата подолу.

1.Рок на траење
Вистинскиот мед нема вистински рок на траење, по долго време може да кристализира, но никогаш тој нема вистински да се расипе.

2. Мед и леб
Намачкајте мед на парче леб. Природниот мед ќе стврдне за неколку минути, додека вештачкиот ќе го навлажни затоа што содржи вода.

3. Кристализација
Ако купениот мед се кристализира по некои време, тоа е добар знак. Имитацијата на мед ќе остане глатка како сируп, без разлика каде го чувате, додека чистиот мед ќе се кристализира.

4. Мед и хартија
Ставете неколку капки мед на хартија и набљудувајте што ќе се случи. Ако медот се впие во хартијата, тогаш не е чист. Ако остане на површината, тогаш е чист.

5.Мед во вода
Ставете мед во чаша студена вода, ако се стопи тоа е знак дека медот не е чист и содржи сируп. Ако не се стопи туку падне на дното, тогаш е целосно чист.

6. Мед во уста
Непосредно пред голтањето вистинскиот мед ќе ви даде чувство на боцкање во устата, нешто што лажниот мед не може да го постигне.