Карибите – зошто вреди да се види овој рај на земјата

ИЗВОРSkopje24.mk
|

Карибите се дом на повеќе прекрасни острови кои се опкружени со богатите сини води на Атланскиот Океан од една страна и смирените тиркизни води на Карипското Море на другата страна. Културата на жителите на Карибите е можеби една од најбезгрижните и опуштени во светот. Можеби токму белите песочни плажи и кристално белите води се причината за безгрижниот дух на карипските рибари. Прочитајте ги овие интересни факти и видете што ги прави Карибите толку интересни.

• Еден од најинтересните факти во врска со Карибите е тоа што речиси сите жители се потомци на африканските робови. Тие биле купени и донесени тука да работат во фабриките за шеќер отворени во овој регион, а кога ропството било укинато тие останале да живеат во овие рајски услови.

• Голем дел од карипската храна е базирана на африканска, шпанска, кинеска и источноиндиска кујна, најчесто со примеси и мешање на кујните од остатокот од светот. Нивната кујна нуди навистина единствен спој на вкусови каде што зачините, различните видови на тревки и лути пиперки имаат голема примена.

• Само 2 процента од бројните Карипски Острови се населени.

• Островот Антигва, кој припаѓа на Малите Антили има 365 плажи, по една за секој ден.

• Најголемиот корален гребен во западната хемисфера е лоциран во близина на брегот на Белизе и се протега на околу 300 км во должина.

• Гренада, познат како остров на зачините, има повеќе зачини на еден километар квадратен отколку кое било друго место на светот.

• Јамајка е најголемиот англофонски остров на Карибите и на него има 120 реки.

• Агентот Џејмс Бод ги сака Карибите. Првиот Џејмс Бонд – Џон Конери, живееше на Бахамите, а сцени од филмовите Dr.No, Thunderball, Live and Let Die, Golden Eye и Casino Royale беа снимани токму на дел од овие острови.

• Јамајка има повеќе олимписки злата од Португалија, Тајван, Саудиска Арабија, Исланд, Сингапур и Кувајт заедно. Јамајканците учествуваа на Олимписките игри 16 пати.