Карлеуша збесна, скрши чаша и му се обрати на Мили: „Немој со мене да се замеруваш“

ИЗВОРСкопје24
|

Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша со години е една од незаменливите членови на жирито на талент шоуто „Звездите на Гранд“, а со своите жестоки коментари и постојани расправии со кандидатите и членовите на жирито го прави ова шоу уште погледано.

Имено, Карлеуша во свој стил и овој пат направи „хаос“ во студиото, а сето тоа може да се види во промотивниот трејлер за новата епизода на споменатото музичко натпреварување. Овој пат Карлеуша влезе во „жесток конфликт“ со членовите на жирито.

Пејачката викаше, и им рече дека не можат да се расправаат со неа, и во еден момент стана и отиде кај Саша Поповиќ и Александар Милиќ Мили.

Додека беше на своето место, таа мавташе со рацете и ја искрши чашата што стоеше до неа.

– Ви се колнам, секој ваш следен кандидат е колатерална штета, му рече разбеснетата Јелена на Мили. Јас не сум ти Џорџ, јас не сум ти ни Босанец! Не обвинувај ме, рече таа додека одеше кон Мили.

Имено кавгите уште повеќе се интензивираа откако Мили стана активен дел од ова шоу, а Карлеуша која е позната по своите испади најчесто се задева со него. Во најновата епизода останува да видиме за избувна ваквата караница.